Москва потикнува дестабилизација на Македонија
Руски државни знамиња се вееја на митингот на националистичката партија ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, на кој новиот партиски лидер им ветуваше на своите симпатизери дека тој има своја визија за влегувањето на Македонија во НАТО и ЕУ. Знамето на Русија беше развиорено и на протестот на припадниците на крајно-десничарските групи во главниот македонски град , по објавувањето на веста дека Скопје и Атина , конечно, по 27 години спорење и несогласување , постигнаа договор за името на Македонија.
Ваквото „промовирање„ на руското знаме на два внатрепартиски и домашни политички настани, претставува нов момент во македонските политички состојби, особено што според домашните „промотори„ мавтањето со руската тробојка треба да покаже од каде треба да дојде „спасувањето„ на Македонија и тоа доаѓа по отвореното мешање на Москва во внатрешните состојби на државата.
Прво, со отвореното подржување на Русија на поранешниот националистички македонски премиер, осомничен за корупција и злоупотреба на својата функција, за газењето на демократијата и човековите слободи, низ прислушувањето на десетици илјади македонски граѓани и политичките противници. Тој за да ги прикрие своите незаконски постапки и за да остане на власт што подолго, покрена тврда националистичка политика, влегувајќи во судир со сите македонски соседи (освен со Србија), му сврте грб на Западот иако продожи да зборува дека останува определен кон стратешките, евро-атлански позиции на земјата и отвори пат за влегување на Русија.
Второ, со нескриеното инволвирање на официјална Москва при донесувањето на законот за јазиците во Парламентот на Македонија, спротивставувајќи му се законот , застапувајќи ги тврдите позиции на македонските националистички партии и групи и провоцирајќи криза во меѓуетничките односи на Македонците и Албанците кои се основата на стабилноста на државата.
Трето, со својата определба против постигнувањето договор за името на Македонија, за што Скопје и Атина не можеа да постигнат согласност, поради што оваа балканска земја мораше да го носи привременото име ФИРОМ и да биде блокирана во своите евро-атлански амбиции.
Во периодот на кусата руска посткомунистичка демократија во Русија (периодот на претседателот Борис Елцин) Москва во еден кус период и по избувнувањето на спорот околу името на Македонија, руската дипломатија се обидуваше да помогне, не сакајќи притоа ниту да и се замери на Грција, но брзо се повлече од тоа, оставјќи му го решевањето на ова прашање на ОН и на определените посредници. Од тогаш Русија ја почитуваше и определбата на Скопје за врзување со НАТО и ЕУ, за што во Македонија постои политички консензус и силна подршка во јавност, уште од првите години на македонското излегување од поранешната југословенска федерација.
Странски независни аналитичари проценуваат дека сегашното свртување на Москва кон Македонија е последица на определувањето на Кремљ, територијата на Македонија да ја смета за нова цел на руската политичка стратегија, во рамките на тамошната, како што се означува, православна мисија во словенскиот свет и во Евроазија.
За таа цел, во Македонија беа испратени „емисари„ кои држеле предавања и спроведувале обука. Станува збор за истите луге кои Москва , претходно, ги има испратено , во Украина, како претходница на анексијата на Крим, во март 2014 година, потоа и во дестабилизирањето на Источна Украина, но и во обидот за пуч во Црна Гора, во времето пред нејзиното вклучување во НАТО.
Во случајот со Македонија, овие стратези на Кремљ се насочени кон постоечките етнички и политички прашања, мешајќи ја во нив албанската етничка заедница и спротивставувајќи ја со македонската , но и околу прашањата поврзани со определбата на државата кон НАТО и ЕУ. Предводник на тоа руско друштво е Александар Дугин, познат како тврд руски националист, кој е близок до Крамљ и е изразито антизападно определен. Во јуни 2014 година, тој ги предводел поворките низ улиците на Москва за подршка на бунтовниците во украинските области Луганск и Донецк кои заговараат нивно отцепување од Украина.
Главен стратег на руското информативно војување во Македонија е Леонид Савин. Тој според западни посматрачи , пред крајот на мај оваа година, има обучувано 50 членови на новосоздадената македонска партија „Единствена Македонија„ според теркот на партијата на рускиот претседател Владимир Путин „Единствена Русија„ каква на Балканот постои уште и во Србија. Партијата чии членови биле обучувани од Савин , остро се противи на правење било каков договор за името со Грција, но таа се противи и на влегувањето на Македонија во НАТО, како и во Европската унија, што се означува како „крај на македонската државност и независност„.
Овие западни извори откриваат руски пари , префрлени директно или преку трета страна, што се уфрлаат во медиумите во Македонија, посебно во телевизиски станици и во интернет изданија, но и за локални политичари кои треба да влијаат во домашната јавност со своите антизападни и проруски погледи и ставови.
На интернет може да се открие дека Савин , не е обичен активист, туку е изначен како комесар на Унијата на младите од Евроазија. Станува збор за десничарско и националистичко движење на националистите во Русија, создадено од истиот Дугин кој држеше предавања во Скопје. Една од асоцијациите во рамките на Унијата на младите е означена како „Нашите непријатели„ и таа е целосно е насочена против Западот и пред се САД. „Нашата Унија има апсолутен непријател, а тој е само САД и тоа е алфа и омега на нашата омраза„- се вели во еден од прогласите на асоцијацијата.
Савин, преку својата тесна врска со Дугин се означува како клучна фигура на руската експанзионистичка политика. Тој е уредник на две интернет агенции- „Катехон„ и „Геополитика„ а се јавува како автор во Стратешкиот културен фонд, за кој се тврди дека е директно финансиран од Кремљ. Главен финансиер на интернет страниците на Савин е рускиот милијардер Константин Малафеев кој, пак, е опфатен со санкциите на САД кон Русија, затоа што ги има финансирано логистичките, финансиските, идеолошките и мтеријалните операции во Крим и во Источна Украина, во текот на руската интервенција.
Според германски медиуми, Малафеев не е вклучен само во украинските настани, туку за него се знае дека тој и Дугин имаат блиски врски и со определени истакнати политичари во Грција, од десницата, како и дека се директно инволвирани во случувањата во Црна Гора, во 2016 година и во низа „операции во сенка„ на Балканот.
(Р.С.М.)